„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

По утринските апсења: Истрага за 15 лица, меѓу нив полицајци, директор, началник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Специјализираното одделение при Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поведе истражна постапка против 15 лица, осомничени за повеќе тешки кривични дела поврзани со нелегална сеча на шума во Малешевијата.

Тие се товарат за злосторничко здружување и пустошење шуми, шестмина и за злоупотреба на службена положба, додека првоосомничениот е обвинет и за давање поткуп, а еден од осомничените за примање поткуп.

— реклама —

Според обвинителството, во 2025 година двајца вработени во приватна фирма и полициски службеник формирале група со цел противправна заработка преку злоупотреба на овластувањата, корупција и нелегална сеча на дрвна маса. Во групата биле вклучени и лица вработени во МВР, ЈП „Национални шуми“ – подружница Малешево, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица.

— реклама —

Во периодот на делувањето, била опустошена шума на површина од 6.000 хектари, при што биле исечени 1,5 милиони кубни метри дрвна маса со вредност од над 6,4 милијарди денари. Дрвото било транспортирано и продавано како легално исечено.

— реклама —

Обвинителството посочува дека полициски службеници ја поддржувале групата со тоа што не преземале мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли. Директорот на ЈП „Национални шуми“ – ПО Малешево давал одобрение за нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата користени за извршување на делата.

Првосомничениот, во август и септември 2025 година, му дал поткуп од 6.100 евра на директорот на шумското претпријатие за да дозволи нелегална сеча, пред официјалниот јавен повик за експлоатација на опожарена дрвна маса.

Обвинителството открива и дека вчера началник од полицијата предупредил член на групата дека претстои акција, кој пак ја пренел информацијата до организаторот. Организаторот им наредил на работниците да ги сокријат трагите, но при обид за „чистење“ на теренот бил фатен на лице место.

Ценејќи дека постои опасност од бегство и влијание врз истрагата, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите 15 осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 4 дена

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 5 дена

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbljlq75q2ajbXJSh72

Ленче Ристовска останува без предметот за ВМРО-ДПМНЕ, Ана Гоговска без „Онкологија“; Савески: Обвинителството е во хаос

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања