Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обвинителите нема да отворат предмет по допрен глас за вработените во „Комунална хигиена“ – ќе чекаат...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-library64igmk16bdlgaC3rvLw

Јавното обвинителство засега нема намера да отвори предмет по допрен глас за случајот со 731 лице во „Комунална хигиена – Скопје“ кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, земале плата без да одат на работа. Обвинителите велат дека ќе чекаат постапување од МВР и Финансиската полиција, кои се надлежни институции за утврдување на кривични дела.

— реклама —

„Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите... До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување,“ соопштија од Обвинителството.

— реклама —

На прашањето дали има основа да се отвори истрага по допрен глас, од таму одговорија:
„Доколку не постапат надлежните институции, тогаш би имало основ.“

— реклама —

Обвинителството прецизира дека може да постапува само кога ќе добие конкретни сознанија дека во одреден настан има елементи на кривично дело, додавајќи дека обврските на сите други органи се прецизно утврдени во Законот за кривична постапка.

— реклама —

Во моментов, истрага се води само за последниот директор на „Комунална хигиена“ и уште едно лице, кои се наоѓаат во притвор. Тие се осомничени за загрозување на животната средина поради хаосот со несобраниот отпад што го зафати главниот град во текот на претходните недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

По пет години пауза, од 1 април повторно директни летови Скопје – Дубаи, повратен билет по цена од 580 евра

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања