Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинителите се оградија од Катица, шефицата сама тоне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lence-press

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска на денешната пресс конференција порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство. Ристовска додека даваше изјава зад неа стоеја колегите обвинители,со што покажаа дека се оградуваат од се што се случува во обвинителството.

— реклама —

Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО:

„Денес не стојам овде само во лично име. Стојам во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор. Стојам и во име на целиот истражителски тим на СЈО и на стручната служба. Сакам да Ве уверам сите дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот и дека секогаш како вработени сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Ние стоиме зад работата која сме ја завршиле до сега, Ве уверувам дека сите постапки не се доведени до прашање од причина што нашите постапувања во нив биле во рамки на законските прописи. Сакам да Ве информирам дека ние внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека изразуваме голема загриженост, но сепак апелираме да се почитува презумпцијата на невиност. Сакам да потенцирам дека се придружуваме на повисок на јавниот обвинител секое лице да пријави криминални активности, и ги поздравуваме ваквите активности да ги истражат“,изјави Ленче Ристоска – обвинителка во СЈО.

— реклама —

Ристоска порача дека се отворени за соработка со колегите од Обвинителството за организиран криминал, но додаде дека дополнителни детали, не смее да соопшти со оглед на тоа што во тек е истражна постапка.

За тој што се огрешил пред законот одговорност мора да има. Сите се еднакви пред Уставот и законите и не ретерираме, затоа сме тук,а да покажеме да се најде доколку постои одговорност, но мора да ги почитуваме постапките и презумпцијата на невиност и длабоко веруваме дека интегритетот на обвинителството нема да биде загрозен, рече Ристоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања