Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Обвинителот од Кочани бара јавно Ива Михаилова да му се извини по обвинувањата за дискриминација и барање пари изнесени во бугарскиот поткаст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 минути -

Македонија
media-librarymequ0lteooto830thXS
Фото: Принтскрин / Јутуб

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, преку својот полномошен адвокат побара Ива Михаилова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите што ги дала во поткаст на бугарски новинар. Тој смета дека нејзините тврдења го нарушиле неговиот углед и професионалната репутација.

— реклама —

Михаилова во гостувањето тврдела дека обвинителот ѝ упатил дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство, како и дека преку посредник од неа биле барани пари за да добие условна казна. Таа го нарекла Крстов „бугарофоб“ и го обвинила дека барал пари за поблага пресуда.

— реклама —
— реклама —

Крстов ги отфрла обвинувањата и ги оценува како клеветнички. Случајот бил тема и на завчерашното судско рочиште, кога обвинителот побарал да бидат прибавени нејзините изјави објавени на социјалните мрежи, како и целокупната документација за нејзината здравствена состојба, вклучително и податоците од системот „Мој термин“.

— реклама —

Барањето за извинување и повлекување на изјавите доаѓа додека продолжува судската постапка против Михаилова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0dohn262op8q9Sbx5be

На судењето на Ива Михаилова присуствувал бугарски пратеник кој фотографил за време на рочиштето, тврди братот на загинатиот во несреќата

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

Судот во Кочани ја одби Ива Михајлова: Нема да може да го следи судењето преку видеоврска од Бугарија

Македонија | пред 19 часа

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

Ива Михаилова од Бугарија бара да учествува преку видеоврска на судењето во Кочани, тврди дека вештачењата ја докажуваат нејзината невиност

Македонија | пред 1 ден

media-librarymequ0lteooto830thXS

(Видео) Ива Михаилова нема намера да се врати во Македонија, го обвини Мицкоски за финансирање медиуми за ширење омраза кон бугарскиот народ и Бугарија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања