Промени тема
Контакт

Обвинителство бара притвор за скопјанецот кој имаше хероин вреден 200.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0104

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 24 декември, на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, неовластено заради продажба држел кај себе вкупно 4.461,6 грама наркотична дрога – хероин, спакувана во девет правоаголни пакувања. Дрогата била пронајдена при личен преглед, во ранецот на осомничениот и веднаш е одземена.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања