Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.
Оттаму велат дека ќе побараат притвор за 22-годишниот возач кој патнички автомобил „Цитроен Ц4“, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.
Возачот е спроведен во судот, каде треба да се донесе одлуката.