Обвинителство отвори истрага за дванаесетмина кои криумчареле мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika_00007-2

Со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за криумчарење мигранти, во изминатите 10 месеци  се спроведуваше криминалистичката истрага над поголема организирана криминална група. Како резултат на добиените сознанија, денеска во координација со надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во соработка со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“ спроведоа координирана полициска операција. Операцијата е продолжение на полициската операција „Реприза“ што беше спроведена на 6 овој месец.

— реклама —

Извршени се претреси на 10 објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово и притоа се лишени од слобода 10 лица, едно лице е недостапно на органите на прогонот, додека едно веќе издржува мерка притвор за претходно сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица од кои шест лица од Богданци, три лица од Скопје и по едно лице од Штип, Валандово и с.Лојане. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „Криумчарење на мигранти“.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против сите осомничени лица.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања