Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Обвинителство: Скoпјанец осомничен за предизвикување општа опасност по инцидент со италијански државјанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец поради кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Инцидентот се случил на 14 ноември, на булеварот „Партизански одреди“ и околните улици во центарот на Скопје, каде осомничениот, управувајќи „Алфа Ромео 147“ со скопски регистарски ознаки, со опасно и агресивно возење предизвикал сериозна опасност за животот на италијански државјанин и неговата девојка.

— реклама —

Според обвинителството, откако оштетениот се обидел да се престрои во левата коловозна лента со возило „Алфа Ромео Тонале“, осомничениот го претекнал со голема брзина, повеќепати нагло кочел и застанувал, со што создал сообраќаен хаос.

Кога возилата свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот продолжил да го следи оштетениот, нагло менувајќи ленти и застанувајќи пред неговото возило. На улицата „Народен фронт“, тој се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од автомобилот на италијанскиот државјанин.

— реклама —

По ударот, оштетениот запрел за да повика полиција, но осомничениот фрлил тврд предмет кон нив, изнесол неразбирливи зборови и се оддалечил од местото.

— реклама —

Имајќи ја предвид опасноста од бегство или повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор пред судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 2 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 3 седмици

bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања