„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
reis

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи – Реис. По вчерашната негова изјава за судијката Сузана Дончевска која донела решение со кое во судскиот регистар се запишува Скендер Бузаку за нов Реисул Улема на ИВЗ, обвинителството соопшти дека Реџепи ќе биде повикан на распит и ќе се постапува во рамките на веќе претходно отворениот предмет за говор на омраза.

— реклама —

„Ја слушам дека има проблеми со здравјето, али не го жалам, таквите нека починат што побргу“ - изјави Сулејман Реџепи – Реис.

Реџепи не штедеше зборови ниту за претседателот на комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, ниту пак за неговиот заменик. Ги обвини дека и тие се дел од сценарото за негова смена.

— реклама —

- „Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава.“ - се вели во соопштението на СЈО.

Осуда за говорот на омразата на поглаварот Реџепи стигна и од Владата.

- „Ова не е прва скандалозна изјава на поглаварот. Претходно Реџепи доби кривична пријава исто за говор на омраза, откако Македонците ги нарече дивјаци и луѓе без идентитет.“ - изјави Миле Бошњаковски – Портпарол на Влада на РСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања