Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryi8lit5qnja3cbQccKNn

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет по повод уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, кое се случи за време на градежни активности во нејзина близина. Според официјалното соопштение, работите ги изведувало лице од струшкото село Велешта.

— реклама —

Јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од областа на градежништвото, со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до оштетување на објектот.

— реклама —
— реклама —

„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на сите релевантни околности под кои се случил настанот“, соопштија од Обвинителството.

— реклама —

Спомен-куќата на Владо Малески – авторот на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“ – претставува значаен културно-историски објект во Струга, а нејзиното оштетување предизвика бурни реакции во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања