„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот меч во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kosarka-kumanovo

Основното обвинителство-Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.

— реклама —

-Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, велат оттаму.

Како што информираат од обвинителството, издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица.

— реклама —

Настанот се одиграл на 2 август во спортската сала во Куманово, кога двете репрезентации одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027.

Натпреварот, во кој македонската селекција беше поразена со 72:80, воедно го означи и повторното отворање на реконструираната спортска сала во Куманово. Меѓу присутните на трибините беа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот Максим Димитриевски.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања