„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителството се повлече: Против Максим Димитриевски повеќе не се води постапка за злоупотреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
IMG_3373

Основното јавно обвинителство Куманово, на само пет дена пред закажаните завршни зборови, се повлече од обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, по пријава од двајца бизнисмени од Куманово за ненавремено издавање дозвола за градба.

— реклама —

Основниот суд Куманово денеска објави дека донел пресуда со која обвинението против Димитриевски се одбива.

„Основниот суд Куманово, имајќи предвид зголемениот интерес на јавноста за предметот К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово, за кривичното дело според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ја информира јавноста дека на 1 јули 2025 година донесена е пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, бидејќи јавниот обвинител на 30 јуни 2025 година го повлекол обвинението“, се наведува во соопштението на судот.

— реклама —

Судскиот процес започна на 2 април 2024 година, а последното рочиште се одржа на 27 јуни. За 4 јули беше предвидено изнесување завршни зборови, што го најави и судијката Маја Денковска.

Во обвинителниот акт се тврдеше дека Димитриевски, во својство на градоначалник на Куманово, од април 2023 година не постапувал по службена должност, односно не потпишал решение за одобрување градба и не ја изготвил пресметката за надомест за уредување градежно земјиште за фирмите „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“ од Куманово. Според тужителите, на тој начин е направена штета во износ од 3,3 милиони денари.

На денешната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски изјави дека Обвинителството утврдило оти не постојат елементи на кривично дело, поради што обвинението било повлечено.

„Како човек кој верува во системот, учествував во сите рочишта и верував дека постојат чесни луѓе и професионалци кои ќе донесат промени во судството. Но, секогаш сум ги критикувал оние кои се водат од политички мотиви и меѓусебни поврзаности, какви што има многу во Кумановскиот суд, но и во други судови во земјава. Времето ќе покаже кој е дел од тој механизам“, рече Димитриевски.

Тој ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори како претставник на коалицијата ЗНАМ, која е дел од владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања