Обвинителството за Жан Митрев: Има обиди да се врши притисок врз сведоци, да се дискредитира обвинението - но нема да влијае врз постапката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zan-mitrev

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје е во завршна фаза со изведување на обемниот доказен материјал во предметот за кривично дело – Измама против сопственик на приватна здравствена установа и против клиниката. Во текот на доказната постапка, обвинителството изведе материјални и вербални докази, мислења на стручни авторитети, како и докази за јавни настапи со кои обвинетиот лажно ги презентира фактите во однос на употребата на хемофилтрацијата.

— реклама —

„Во текот на изведувањето на доказите, обвинителството беше и останува воздржано во однос на јавно пласираните целосно лажни информации за текот на судската постапка, цврсто држејќи се на ставот дека своите аргументи ќе ги изложува единствено во судницата, со максимално почитување на Законот за кривична постапка.

Меѓутоа, од почетокот на судскиот процес, преку медиуми во кои како огласувач се јавува обвинетото правно лице, се забележуваат обиди да се врши притисок врз сведоците и врз предметниот јавен обвинител со цел да се дискредитира обвинението кое е поткрепено со докази во однос на сите елементи на кривичното дело кое се става на товар на обвинетите. Наведените објави се неверодостојни, односно не одговараат на вистинскиот тек на судската постапка и на содржината на исказите дадени пред судот, а дел од сведоците реагираат дека им предизвикуваат вознемиреност и ги чувствуваат како форма на притисок.

— реклама —

Поднесениот обвинителен акт во овој предмет веќе ја помина првата проверка на судот во однос квалитетот и дозволеноста на предложените докази и во целост беше одобрен од судијата за испитување на обвиненија.

Во тековни постапки кои се уште не се завршени и кога се уште се испитуваат сведоци и оштетени, важно е јавноста да биде објективно информирана. Одговорноста за изнесување ставови во врска со текот на судска постапка е уште поголема за претставници од стручната правна фела, кои во конкретниот случај коментираат и заземаат став во корист на обвинетиот со произнесување околу докази кои се уште не се изведени пред судот, а без притоа воопшто да присуствуваат на судските рочишта.

Еден дел од ваквите објави содржат директни навреди и обиди за дискредитација на надлежниот јавен обвинител што заедно со многубројните обиди на одбраната за одолговлекување на постапката, само укажува на силата на доказите изведени до сега пред Судот.

Основното јавно обвинителство Скопје е целосно уверено дека намерното лажно претставување на исказите на сведоците и отворените јавни притисоци во овој предмет нема да влијаат врз исходот на постапката и дека судот ќе донесе мериторна одлука врз основа на изведените докази. Следното судско рочиште е закажано за понеделник, 8 април“, велат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања