„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителството „замижува“ или „глувее“? Арсовска нема потреба да се вознемирува, засега...

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_2106ll

Неработата односно нефунцкионалноста на скопските претпријатија и Градот Скопје предводен од градоначалничката, Данела Арсовска, засега не го засега скопското Обвинителство. Тие сметаат дека овие проблеми треба да ги решаваат инспекторатите. Иако Скопје е претворено во мини-депонија, ЈСП не функционира, приватните превозници нема да возат, „Водовод“ го закочи проектот за прочистителната станица – Обвинителството не гледа злоупотреба на службената положба и овластување кај ниту еден од функционерите.

— реклама —

„Јавното обвинителство постапува секогаш кога во конкретен настан има обележја на кривично дело. Проблемите кои ги наведувате се во надлежност на соодветни инспекторати и на органите од правосудната полиција кои се надлежни за детектирање, откривање на кривични дела и нивно натамошно процесуирање до Јавното обвинителство или до прекршочен орган. Предмет по допрен глас би можел да биде отворен доколку Јавното обвинителство процени дека во конкретен настан има кривично-правни дејствија, а инспекторатите и органите од правосудната полиција не постапуваат согласно своите надлежности за процесуирање“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Во поткастот „Претрес со Ландов“, во јули, Умејр Мухамеди, екссоветник на Арсовска, сподели информации за кои посочува дека се точни и вистинити, а се однесуваат на злоупотреби од градоначалничката. Стануваше збор за наводни злоупотреби со јавни набавки, пари за патувања, лица на платни списоци на сметка на граѓаните. Обвинителството и тогаш рече дека ги следи информациите, но „глас“ не допре до нив. Тогаш, за „Скопје1“ посочија дека ќе чекаат пријава.

— реклама —

„Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (во конкретниот случај Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности. Исто така, секој што има сознанија за сторено кривично дело истото треба да го пријави кај истражните органи“, кажаа од Обвинителството на 16 јули за „Скопје1“.

Од тогаш до денеска, Арсовска смени десетина директори, Скопје е во уште полоша состојба, жителите остануваат без превоз. Решение не е на повидок, бидејќи Советот не и верува на Арсовска за да се изгласа одлука за набавка на нови автобуси, а програмите кои ги излгасаа тешко дека ќе го решат проблемот со мини-депониите.

Кривична пријава за Арсовска, најави министерот за локална самоуправа, Златко Пирински. Тој кажа дека тоа ќе го направи како граѓанин, бидејќи смета дека Арсовска прави злоупотреба на службената положба и овластување.

Арсовска на прашање од “Скопје1”, дали се плаши од кривична одговорност, на прес одговори со “не”, бидејќи според неа, не сторила ништо спротивно на закон.

Бонус видео:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања