Промени тема
Контакт

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на претседателот Ковачевски, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
4E16E350-AD9A-439B-830B-AC8F6B74BD84

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор, велат од СДСМ

„Очигледно во Белата палата расте нервозата и стравот, па во недостиг на аргументи и факти скокнаа веднаш да ја искористат својата единствена стратегија во политиката – лажењето.

— реклама —

На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, вклучително и во неговата програма јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Јасно е напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе меѓу кои и Харвард.

— реклама —

Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприемнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година. Понатаму, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.

— реклама —

За разлика од ова квалитетно образование на Ковачевски, Мицкоски своето стручно усовршување го остварил кај својот татко каде бил асистент“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања