Промени тема
Контакт

„Очекувавте наш универзитет во светските топ 1.000? Не сме ниту меѓу топ 2.000“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryqu2kpfc1ra1k9esggHM

Македонските универзитети со години немаат амбиција да се натпреваруваат со најдобрите во светот, туку главно се споредуваат меѓу себе, оценува Бленди Ходаи, студент на Филозофскиот факултет, граѓански активист и директор на Форумот за образовни промени.

Неговата реакција следува откако ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа.

„Навистина очекувавте дека на Шангајската листа на топ 1.000 универзитети ќе се најде некој од нашите универзитети? Па, ние не сме ниту меѓу топ 2.000 универзитети во светот.“

Ходаи смета дека проблемот е подлабок од едно конкретно рангирање и дека домашното високо образование со години функционира во затворен круг, без вистинска споредба со меѓународната конкуренција.

— реклама —
— реклама —


„Нашите универзитети со години се споредуваат само меѓу себе, во систем во кој амбицијата не е да се натпреваруваш со најдобрите, туку да бидеш малку подобар од соседот.“

— реклама —

Според него, токму таквиот пристап ја отсликува состојбата во која се наоѓа високото образование во земјава.

„И така функционираме по старата максима: подобро прв во село, отколку последен во град.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања