Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Очигледно граѓаните нема да се возат во нови 250 еколошки автобуси и во наредната 2023 година, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
jsp-avtobus

Нема нови 250 автобуси на скопските улици, како што ветуваше во предизборјето градоначалничката на ДПМНЕ, Данела Арсовска, вели СДСМ.

— реклама —

„Скопјани очекуваваат брзи и сигурни решенија за модерно Скопје, бараат и ефикасен јавен превоз.

Но, во Буџетот за 2022 године не се предвидени пари за набавка на 250 нови еколошки автобуси, туку ЈСП пушта во употреба стари автобуси, претходно повлечени од употреба, без соодветно греење и основни хигиенски услови.

— реклама —

Очигледно е дека граѓаните нема да се возат во нови 250 еколошки автобуси и во наредната 2023 година, бидејќи постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку година и пол.

Арсовска во нејзината кампања вети и бесплатен превоз за сите граѓани, но ниту за оваа мерка не се предвидени пари во Буџетот за 2022 година.

Апелираме Арсовска да ја продолжи тендерската постапка за избор на изведувач што ќе го реализира проектот Бас Рапид Транзит, проект во соработка со партнерите од Европската банка за обнова и развој што резултираше со добиени средства од 70 милиони евра.

Овие средства не можат да се наменат за набавка на нови 250 еколошки автобуси како што планираше таа.

100 дена и беа доволни на Арсовска да се покаже како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања