Промени тема
Контакт

Од 0,01 до 0,03 отсто се движи заразеноста од корона на деца во училиштата, тоа за Царовска е „стабилна состојба“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
carovska

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните и средните училишта во државата.

— реклама —

На состанокот, како што наведува МОН, констатирано е дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена, а директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн-учење, ако за тоа има некаква одлука.

— реклама —
— реклама —

– Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата на дневна основа, бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, над 72 отсто од наставниот кадар е вакциниран, што е речиси двојно повеќе од националниот просек, информира МОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања