Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Од 1 декември почнува пријавувањето за „Украсуваме по скопски“ – ќе се избираат најубаво украсените домови и објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Скопје
nova-god

Град Скопје од 1 декември го отвора јавниот повик за учество во манифестацијата „Украсуваме по скопски 2027“, преку која и оваа година ќе ги награди граѓаните и деловните субјекти што најубаво ќе ги украсат своите простори во пресрет на новогодишните празници.

— реклама —

Натпреварот ќе се одвива во четири категории: најубаво украсен двор на индивидуална куќа, најубаво украсена тераса од стан, најубаво украсен деловен или угостителски објект, како и најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

— реклама —

Заинтересираните ќе можат да се пријавуваат од 1 до 21 декември 2026 година. За учество во категориите за украсување потребно е да испратат фотографии од украсените простори, заедно со име и презиме на сопственикот, контакт-телефон и адреса.

Пријавите и фотографиите може да се испратат на електронската адреса poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk или по пошта на булевар „Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје, со назнака „За манифестацијата Украсуваме по скопски“. На истата адреса се доставуваат и литературните творби на средношколците.

— реклама —

Пријавените објекти ќе ги посетува жири-комисија составена од претставници на медиумите, која ќе ги оценува и пристигнатите раскази. Градот ќе додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.

— реклама —

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања