Од 1 декември почнува пријавувањето за „Украсуваме по скопски“ – ќе се избираат најубаво украсените домови и објекти
Град Скопје од 1 декември го отвора јавниот повик за учество во манифестацијата „Украсуваме по скопски 2027“, преку која и оваа година ќе ги награди граѓаните и деловните субјекти што најубаво ќе ги украсат своите простори во пресрет на новогодишните празници.Натпреварот ќе се одвива во четири категории: најубаво украсен двор на индивидуална куќа, најубаво украсена тераса од стан, најубаво украсен деловен или угостителски објект, како и најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби
Скопје | пред 1 час