Промени тема
Контакт

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари, велат од ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари. На 1 јануари дизелот во малопродажба се продавал 54 денари, а денес се продава 61.5 денари, односно 7.5 денари повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.

Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев.

Со ваквото зголемување  на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот.

— реклама —

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања