Од 1 јули македонските домаќинства ќе ги снабдува со електрична струја новата компанија EVN Home која произлезе од ЕВН Македонија. Тоа значи дека од овој датум новата компанија ќе ги дава известувањата што и претходниот универзален снабдувач ЕВН Македонија ги давал на потрошувачите.
Концептот на сметките и доставување на фактурите останува ист како и досега ,само што ЕВН Македонија го промени називот на компанијата. Токму поради тоа од 1 јули граѓаните наместо од ЕВН Македонија ќе добиваат фактури и известувања од новата фирма ЕВН Хоум, на која корисниците ќе продолжат да и ги плаќаат и новите, но и старите долгови.
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика не откри дали ќе има поскапување или поевтинување на цената на струјата, но, уверува дека корисниците нема да се соочат со ценовни шокови.
Од почетокот на оваа година секој корисник веќе може да одбере од која компанија ќе купува струја. Според Бислимовски, за домаќинствата сè уште е поисплатливо да останат на регулираниот пазар и да продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕВН Хоум. Но, за фирмите е покорисно доколку излезат на слободниот пазар бидејќи плаќаат за 25-30% поевтина струја.
Инаку, со либерализацијата на пазарот на струја комерцијалните потрошувачи кои што излегоа на слободниот пазар трошоците за набавка им се намалени до 30 проценти.