Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од 10 до 150 евра: Големи разлики во казните за зимска опрема во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Балкан
11112014111409_zimska-oprema

Казните за непочитување на правилата за зимска опрема значително се разликуваат во балканските земји. Според наведените податоци, највисоката глоба во регионот е во Црна Гора и изнесува 150 евра, додека во Македонија казната е 45 евра.

— реклама —

Во Хрватска глобата изнесува 130 евра, во Србија 50 евра, а во Косово 40 евра. Во Албанија казните се движат од 10 до 40 евра, додека во Босна и Херцеговина се наведени 20 евра.

Во Македонија, обврската за задолжително поседување зимска опрема започна на 15 ноември 2026 година и ќе трае до 15 март 2027 година.

— реклама —

За патничките возила до 3.500 килограми се задолжителни зимски гуми на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри. Како алтернатива, дозволени се летни гуми со иста минимална длабочина на шарата, доколку возилото има соодветни синџири за снег за погонските тркала.

— реклама —

За непочитување на прописите следува казна од 45 евра, односно приближно 2.770 денари, а во предвидените случаи полицијата може да го исклучи возилото од сообраќај.

Правилата не се исти во сите балкански земји – во некои обврската важи во точно утврден период, а во други зависи од временските услови или од патниот правец. Затоа, возачите што патуваат во странство треба однапред да се информираат за задолжителната опрема.

— реклама —
zimska-oprema

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата, казната е 45 евра

Од денеска, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што учествуваат во јавниот сообраќај. Возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска ризикуваат казна од 45 евра.Според Министерството за внатрешни работи, патничките возила со маса до 3.500 килограми треба да имаат зимски пневматици на сите четири тркала, со најмалку четири милиметри длабочина на шарата. Како алтернатива дозволени се летни пневматици со иста минимална длабочина, но само

Македонија | пред 2 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања