Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од 13 до 19 април засилени контроли на брзината, следува и 24-часовен „маратон“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryqp90gohq9fuv9KHmEZa

Засилени контроли за брзината на движење ќе се спроведуваат на патиштата низ државата во наредниот период, како дел од координирана европска акција насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Во периодот од 13 до 19 април, македонската сообраќајна полиција, како дел од Европската мрежа на сообраќајни полиции (ROADPOL), ќе спроведува интензивни контроли за санкционирање на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина.

Во рамки на оваа акција, на 15 април од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ќе се реализира 24-часовен „маратон на брзина“, при што ќе се вршат непрекинати контроли на целата територија на државата.

— реклама —

Брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, поради што ваквите активности имаат за цел да ја зголемат свеста кај возачите и да поттикнат долгорочна промена во однесувањето.

— реклама —

Дел од локациите на кои ќе се вршат контролите ќе бидат однапред објавени, со цел да се засили превентивниот ефект. Надлежните нагласуваат дека целта не е казнување, туку почитување на ограничувањата и намалување на ризиците во сообраќајот.

Акцијата „Speed marathon“ се спроведува истовремено на европските патишта, како заедничка иницијатива на сообраќајните полиции.

— реклама —

Апелот до возачите е да ја намалат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел заштита на човечките животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 9 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања