Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Од 18 до 21 октомври „Денови на руската наука“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Denovi-na-ruskata-nauka-programa

Oд 18 до 21 октомври 2021 година, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, ќе се одржат „Денови на руската наука“.

— реклама —

Науката е важен сектор во сите аспекти на животот. Ценејќи го трудот и достигнувањата на научниците, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2021 за година на науката. Во склоп на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области (вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки), а на темите ќе говорат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р р Лариса Александровна Гнездилова.

— реклама —

На свеченото отворање кое ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите на 18 октомври 2021 год. во 11.00 ч., придржувајќи се до сите мерки и протоколи за заштита од COVID-19, ќе се обратат: академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, академик Виктор Антонович Садовничиј, Претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања