Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Од бизнисот во Унгарија, експремиерот Никоа Груевски си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
gruevski-nikola-543

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка, пишува денеска Фокус.

— реклама —

Компанијата I.C.I.C. Kft. екс премиерот ја регистрираше летото во 2021 година, на 14 јули, во селото Пецел, на 20-тина километри од Будимпешта. Седиштето е во напуштена куќа на улицата Бошкаи број 9, а тој е наведен како единствен сопственик и извршен директор.

Фирмата на Груевски е активна веќе четири години, и иако врти милиони, но само како унгарски форинти, сепак неговата заработувачка пресметана во евра се брои во неколку илјади. Но, важно е дека добивката, иако не тече, сепак „капнува“ секоја година, бидејќи досега не пријавил загуби.

— реклама —

Според поднесениот годишен извештај за минатата година, тој остварил продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од 2023, кога имал 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда.

Извештајот, исто така, открива дека осудениот бегалец е прогласен за кредитоспособен, бидејќи во билансот на состојба се појавил и долг од 2,5 милиони форинти или околу 6.500 евра.

Главниот фокус на компанијата е бизнис-консалтинг, но, исто така, е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.

За Груевски сè уште нема информација, дали, освен компанијата, поседува имот во Будимпешта. И понатаму е тајна адресата на која живее, бидејќи како лична адреса во Унгарија, тој при формирањето на компанијата ги навел податоците на неговиот адвокат во Будимпешта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања