Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Од Црнa Горa ќе бидат протерани над 50 свештеници монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од СПЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
popovi-crna-gora

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.

— реклама —

– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите, изјави Џомиќ за „Политика “.

— реклама —

Инаку, под велот на прописите кои регулираат пријава за престој, официјална Подгорица ги затвора вратите за државјаните на Република Србија, кои според домашните закони не ги исполнуваат условите да живеат и да извршуваат верска служба во оваа држава. Во црногорско-приморската Митрополија порачуваат дека сите правни лекови не се исцрпени и дека борбата за статус сè уште трае.

— реклама —

Проблемот со престојот на свештениците на СПЦ кои не се родени во Црна Гора се појави во 2011 година, кога државната врата беше затворена за 80-ина монаси, монахињи, свештеници на СПЦ и членови на нивните семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања