Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Од денеска бродски линии меѓу Будва и Дубровник, како и Котор и Дубровник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
dubrovnik

Од денеска се воспоставени поморските линии меѓу Будва и Дубровник, како и меѓу Котор и Дубровник, соопштија црногорските власти.

Министерот за сообраќај на Црна Гора, Филип Радуловиќ, изјави дека повторното воспоставување на поморските линии претставува значаен чекор во зајакнувањето на регионалната поврзаност и туристичката понуда.

— реклама —

„Поврзувањето на Будва и Котор со Дубровник по морски пат претставува дополнителен квалитет за туристичката сезона и потврда дека Црна Гора развива современи и одржливи модели на сообраќајно поврзување со регионот. Овие линии ќе придонесат за подобра мобилност на туристите и граѓаните, намалување на гужвите на граничните премини во текот на летните месеци, како и за промоција на нашето крајбрежје како атрактивна и лесно достапна дестинација“, изјави Радуловиќ.

Во шпицот на туристичката сезона линијата Будва–Дубровник ќе сообраќа шест пати неделно, што е двојно повеќе во споредба со минатата година, додека линијата Котор–Дубровник ќе има три поаѓања неделно.

— реклама —

Линиите ќе функционираат во текот на летната сезона, до 30 септември, со утрински и попладневни поаѓања приспособени за туристите и транзитните патници.

— реклама —

Од Министерството за поморство најавија дека и во иднина ќе поддржуваат иницијативи за развој на поморскиот сообраќај, зајакнување на соработката со соседните држави и унапредување на туристичката и сообраќајната инфраструктура на Јадранот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1kke0r3blpj37ErPtif

Во Црна Гора покрената петиција за забрана на настапите на Десингерица: со машинка шишаше луѓе од публиката

Свет | пред 7 часа

media-libraryugdcpci4f2226JkRQld

(Видео) Ајкула снимена покрај брегот на Црна Гора, многумина тврдат дека е голема бела ајкула

Свет | пред 2 дена

biometriskakarticka

Црна Гора воведува инстант плаќања – парите ќе пристигнуваат за 10 секунди

Балкан | пред 1 седмица

Crna-gora

Опасна отровна риба забележана во Црна Гора, граѓаните загрижени

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања