Промени тема
Контакт

Од денеска врнежи од преку 70 литри на метар квадратен - Предупредување до земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tutun

Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри. УХМР, освен врнежи, за наредните денови најавува и грмежи, како и силен ветер. Локално, како што соопшти, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи упатија предупредување во врска со неповолната временска прогноза за следните денови.

Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.

— реклама —

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.

— реклама —

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања