Од јули уште две нови авиолинии кон Алгеро Сардинија и кон Палермо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE
Unsplash

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека од месец јули од аеродромот од Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро Сардинија и кон Палермо.

— реклама —

„Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија.

— реклама —

Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија

— реклама —

Од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија

Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.

Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром”- објави вицепремиерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Nikolovski-1

Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања