ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Од јуни до ноември: Од 165 барања за азил, одобрени само на Груевски и три други лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Канцеларијата за имиграции и азил открила дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.

— реклама —

Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Сел Бернадет која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за имиграции и азил не дозволила. Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Пратеничката дознала дека Никола Груевски лично контактирал со службата за корисници при Канцеларијата за имиграции и азил на 12 ноември, кога побарал азил.

— реклама —

Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања