Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од мирен спортист до осомничен за брутално насилство: Тренерот Бобан од Охрид открива каков го познавал младиот охриѓанец кој ја претепа девојка му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 минути -

Македонија
media-libraryrlgdkvqaj67a5KCpHQv

Случајот со бруталното насилство врз младата Сара од Охрид ги вознемири и луѓето кои лично ги познавале девојката и осомничениот. Меѓу нив е и тренерот Бобан Наумовски, кој открива дека двајцата биле членови во теретаната во која работи.

— реклама —

Тој вели дека во текот на денот добил стотици повици од луѓе кои, исто како него, не можеле да поверуваат дека настанот навистина се случил.

— реклама —

За Сара има само пофални зборови, опишувајќи ја како мирна, културна и вредна девојка, која, како што вели, „на мравка не гази“. Наумовски ѝ посака сила да го преброди преживеаниот кошмар и да успее да остане истата личност.

Особено го шокирало сознанието дека осомничениот, кого го опишува како повлечен и културен млад човек, кој цел живот се занимавал со спорт, наводно покажал сосема поинакво лице. Тој посочува дека младиот човек во изминатата година работел и како персонален тренер во Охрид.

— реклама —

Како татко на две девојчиња, Наумовски изразува дополнителна загриженост поради информациите дека осомничениот наводно се товари само за телесна повреда, а не за обид за убиство, нагласувајќи дека доколку тоа е точно, станува збор за сериозен проблем.

— реклама —

Тој предупредува дека институциите мора да обезбедат правда и заштита, бидејќи не смее да се создаде општество во кое родителите ќе помислат дека единствениот начин да ги заштитат своите деца е правдата да ја земат во свои раце. Според него, тоа би претставувало уште еден пораз на институциите и на целото општество.

media-librarypbbo3p4hf5v504RjAZw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

„Што ќе ја штити утре слободно да излезе низ град и дека нема да го сретне?“: Школскиот другар на претепаната охриѓанка со реакција за случајот

Македонија | пред 29 минути

— реклама —
noz-ubistvo-napad

Барал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија: Мајката на претепаната охриѓанка со потресни детали за нападот

Македонија | пред 1 час

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Ја претепал до бесвест, па ја оставил пред маркет: Нови сознанија за насилството во Охрид

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања