Од „не поднесувам оставка“ до заминување: Коцевски си замина по месеци тврдења дека нема да се повлече

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ
Скопје1.мк

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување, иако во изминатите месеци во повеќе наврати јавно тврдеше дека нема намера да се повлече и дека не постојат законски основи за негово разрешување.

— реклама —

На 18 февруари 2025 година, откако премиерот Христијан Мицкоски побара од него да ја напушти функцијата, Коцевски изјави дека одлуката ја остава на политичарите и дека јавноста ќе цени дали ќе биде разрешен на законит начин. Истовремено, тогаш порача дека ќе се повлече само доколку се утврди дека навистина сторил тешка дисциплинска повреда, како што е предвидено со Законот.

— реклама —

Нешто подоцна, на 7 март 2025 година, Коцевски децидно изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека не гледа никаква причина за негово разрешување, отфрлајќи ги сите наводи содржани во владиниот предлог за негово отповикување. Според него, не постоела основа за утврдување тешка дисциплинска повреда.

— реклама —

И на 31 јули 2025 година, Коцевски повторно јавно истапи со став дека не поднесува оставка, наведувајќи дека обвинителството располага со „цврсти докази“ за најголемите случаи, меѓу кои „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“.

И покрај овие претходни изјави, утрово Коцевски достави писмено барање до Собранието за престанок на функцијата, повикувајќи се на член 86 од Законот за јавно обвинителство, и побара законодавниот дом формално да го утврди крајот на неговиот мандат на денешната седница.

Со овој чекор, практично, се затвора постапката за негово разрешување која требаше да се разгледува во Собранието, а останува отворено прашањето што доведе до пресвртот и до одлуката да се повлече, спротивно на повеќемесечните јавни тврдења дека тоа нема да се случи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Македонија | пред 1 месец

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Македонија | пред 1 месец

kocevski1111

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања