Промени тема
Контакт

Од опозицијата се предлага зголемување на платите согласно тежината на работата за вистинска помош на народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6

„Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Исто така советник во некоја институција кој зема 24 илјади и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20 илјади денари согласно обврските и одговорностите треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната.

— реклама —

Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/ управник кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000, мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата.

Оттука предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е да се зголемат платите во државата согласно тежина и одговорноста на работата. Тоа значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.

— реклама —

Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. СДСМ најмалку што може е веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.

— реклама —

Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро, секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс. Секој ден поминат со нив на власт е се полош.

На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања