Промени тема
Контакт

Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ шири страв и паника кај граѓаните, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lugje-karpos-esen-korona

Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, си продолжува со очајните обиди политички да профитира од коронакризата, да шири страв и паника кај граѓаните, злоупотребувајќи ги, за жал, починатите од последиците на ковид-19 и нивните блиски, вели СДСМ.

„Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од ВМРО-ДПМНЕ видовме само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки.

— реклама —
— реклама —

Додека промовираа лажна загриженост за состојбата со коронавирусот, лажеа дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, тврдеа дека короната не постои, кочеа заем за опремување на болниците, ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките за заштита.

— реклама —

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси, секогаш, во секоја ситуација ги става партиските интереси пред интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања