Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Системот потфрли“: Расте гневот по убиството на 19-годишникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryl434ii3dqpup72vjgHG

Бруталното убиство на 19-годишниот доставувач на пица во Дрниш повторно ја отвори дебатата за функционирањето на институциите во Хрватска и односот кон повеќекратните сторители на тешки кривични дела.

Во анализите и реакциите по случајот се посочува дека осомничениот 50-годишен Кристијан Алексиќ и претходно бил осудуван, а јавноста повторно се соочува со честата формулација дека сторителот бил „од порано познат на полицијата“.

— реклама —

Алексиќ претходно отслужил 14 години затвор за убиство на млада жена во 90-тите години, која, според тогашните информации, била избодена 17 пати.

— реклама —

Во текстовите што ги објавија хрватските медиуми се поставува прашањето како лице со такво криминално минато повторно било на слобода и без постојан надзор.

Се наведува дека жителите на Дрниш со години стравувале од него и дека многумина сметале оти било „само прашање на време“ кога ќе се случи ново злосторство.

— реклама —

Коментаторите оценуваат дека проблемот не е изолиран случај, туку поширок системски проблем во кој опасни сторители повторно се враќаат во општеството без соодветен надзор и рехабилитација.

— реклама —

Во анализите се критикува и благиот казнен систем, како и недоволната координација меѓу полицијата, судството и здравствените институции.

Според авторите, довербата во институциите дополнително се нарушува кога по сериозни инциденти повторно се слуша дека сторителите биле добро познати на полицијата и институциите, но навреме не биле преземени конкретни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 41 минута

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Балкан | пред 1 час

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 2 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања