„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Од постапката ќе се одреди иднината на судството и неговата независност“ - Беса Адеми остра на седницата каде сакаат да ја разрешат

објавено пред 2 години -

Македонија

Од оваа постапка ќе се одреди иднината на судството во Македонија. Со оваа реченица, судијката од Врховниот суд, Беса Адеми, го заврши своето обраќање кон членовите на Судски совет кои тргнаа во поход да ја разрешат. Негира дека сторила било каква злоупотреба, ги отфрли тврдењата дека со неучството на седниците на Судски совет попречила во неговата работа, но и дека со недоаѓањето на работна средба влијаела на довербата во судството кај граѓаните.

— реклама —

„Денеска и во периодот кој следи, токму исходот од оваа постапка, ќе ја одреди иднината на судството во Република Македонија“, рече Беса Адеми.

Нејзината адвокатка Павлина Зефиќ-Јакимовска, посочи дека ова не е обична расправа, туку борба на целото правосудство за негова независност.

— реклама —

„Некој ќе рече денеска станува збор за обична расправа. За нас ова не е обична расправа. За нас ова е значаен, историски ден од причина што од исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина. Некој ќе рече ова е борба на Беса Адеми како претседател на Врховниот суд, но ова е борба на целото правосудство за неговата независност. Тука станува збор за постапка за одговорност на претседателот на највисокиот суд на државата, па поради истото оваа постапка ги тангира сите чинители на правосудниот систем“, рече Павлина Зефиќ-Јакимовска.

Таа со извадок од извештај на оценската мисија на ЕУ, посочи дека токму тие препорачуваат Адеми да не биле член на Судски совет, а нејзиното неприсуство не е злоупотреба.

„Во главата која се однесува на присуството на Врховниот суд се наведува: исто така совет е претседателот на Врховниот суд повеќе да не биде дел од Судскиот совет за да се обезбеди внатрешна независност на судството“, кажа меѓудругото Зефиќ-Јакимовска.

Таа кажа дека ги негираат сите наводи во барањето, дека претседателката прекршила одредена одредба од закон, а тоа да резултира со нејзино разрешување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања