Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Од „предизвикување општа опасност“ до загрозување на лица под меѓународна заштита: 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред бугарската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Случајот со опожарувањето на возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје доби нов правен тек, откако Основното јавно обвинителство Скопје утврдило индиции за постоење на потешко кривично дело и предметот го препратило до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според Обвинителството, покрај првичното сомнение за кривично дело „Предизвикување општа опасност“, во текот на постапката биле обезбедени сознанија што упатуваат на можни елементи на кривичното дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“.

— реклама —

По преземањето на предметот, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донело Наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека на 15 јуни 2026 година, со опожарување на возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, создало значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

Како што соопштуваат од обвинителството, станува збор за возила што ги користеле воениот аташе на Република Бугарија во земјава и други вработени во дипломатското претставништво.

— реклама —

Со оглед на тоа што делото спаѓа во групата кривични дела против човечноста и меѓународното право и е поврзано со заштитата на дипломатски претставници согласно меѓународните конвенции, надлежниот јавен обвинител побарал од судот определување мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

Лицето претходно се наоѓало во осумдневен притвор, определен во рамки на скратена постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjs5sspb67kccdpdmEgz

Бугарската амбасада во Скопје реагира за најавените блокади на граничните премини

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

(Видео) Снимка од палењето на автомобилите кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје | пред 3 дена

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го осуди палењето на дипломатски возила кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје | пред 4 дена

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Скопјанецот што го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада доби 8 дена притвор

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања