Промени тема
Контакт

Од природно богатство до национален бренд: македонскиот рубин добива институционална заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryg9nk8amnifgscCQiCtJ

Македонскиот рубин добива институционална заштита и сертификат за потекло, квалитет и посебни својства, со цел да се воспостават јасни стандарди и производот да се препознае како национален бренд.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска информираше дека за македонскиот рубин ќе биде изработен и QR-код преку кој купувачите ќе можат да ги добијат информациите содржани во сертификатот. Првиот код се очекува да биде изготвен до крајот на октомври.

Според Божиновска, називот „македонски рубин“ ќе може да се користи само за производи за кои е потврдено потеклото, постои соодветна документација, извршена е стручна контрола и се исполнети критериумите утврдени со елаборатот, правилникот и законската рамка.

— реклама —

Целта е да се воспостави систем со кој ќе се следи материјалот од неговото потекло, преку обработката, па сè до означувањето, продажбата и промоцијата. На тој начин, како што посочи министерката, треба да се заштитат производителите, обработувачите и занаетчиите кои ги почитуваат правилата, но и купувачите да имаат сигурност дека производот навистина има автентично потекло и проверен квалитет.

— реклама —

Институционалната заштита на македонскиот рубин како географска ознака започна во 2025 година, кога Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во координација со Геолошкиот завод, ја започна иницијативата за правна заштита.

Геолошкиот завод го изработи елаборатот со податоци за потеклото и специфичните својства на рубинот, по што во мај годинава беше поднесена пријава до Државниот завод за индустриска сопственост. На 17 јуни било донесено решение со кое географскиот назив „македонски рубин“ доби правна заштита.

— реклама —

Божиновска оцени дека со тоа е создадена основа македонскиот рубин да се развива како препознатлив производ, со потенцијал за нови економски можности за занаетчиите, дизајнерите, обработувачите, трговците и локалните заедници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydmm269bfj9kn4dkp0Np

Македонскиот рубин добива систем за заштита, сертификација и промоција

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања