Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, вели Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
paridenari1

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат. А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред - кон развојот, кон напредокот, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„Во овие четири години потавивме високи економски стандарди.

— реклама —

Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.

— реклама —

Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.

— реклама —

Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет.

Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година,

Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество.

За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.

А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата.

Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата.

Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“, додаде Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања