„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од Скопје заминува американската амбасадорка Агелер - Трамп повлекува речиси 30 амбасадори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна пошироко дипломатско преструктуирање, при што речиси 30 шефови на американски дипломатски мисии ширум светот добиле известување дека нивните мандати завршуваат во јануари. Меѓу нив е и амбасадорката на САД во Македонија, Агелер, објави Дојче веле, повикувајќи се на извори од Вашингтон.

— реклама —

Според информациите, станува збор за амбасадори именувани за време на администрацијата на Џо Бајден, кои и по почетокот на вториот мандат на Трамп останале на своите позиции. Сега, тие биле официјално информирани дека нивните мисии завршуваат како дел од новата кадровска поставеност.

Од Стејт департмент потегот го објаснуваат како вообичаена постапка при промена на администрацијата, нагласувајќи дека амбасадорите се лични претставници на претседателот. Во официјалното образложение се наведува дека претседателот има право да обезбеди дипломатски кадар кој ќе ја спроведува неговата политика и приоритетите на доктрината „Америка на прво место“.

— реклама —

Промените ги опфаќаат најмалку 29 држави на повеќе континенти. Во Европа, освен Северна Македонија, на списокот се и Ерменија, Црна Гора и Словачка. Во Африка се најпогодени 13 земји, меѓу кои Нигерија, Сенегал, Руанда и Уганда, додека во азиско-пацифичкиот регион ќе се менуваат амбасадорите во шест држави, вклучувајќи ги Филипините и Виетнам. Промени се најавени и во делови од Блискиот Исток, Јужна Азија и Латинска Америка.

Иако е вообичаено нова администрација да ги заменува политички именуваните амбасадори, аналитичарите посочуваат дека ваков опфат, кој задира и во кариерни дипломати, е поретко виден и се смета за значаен пресврт во американската дипломатска пракса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања