„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од спорт до скандал – антиалбански скандирања предизвикаа лавина реакции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
kosarka-kumanovoo

Бројни реакции и критики беа упатени по кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија-Романија кој се одржа во реновираната спортска сала во Куманово. Поради критиките дека навивачите скандирале навредливи и националистички пораки, Обвинителството отвори постапка. Министерот за спорт, Борко Ристовски, рече дека не реагирале оти скандирањата доаѓале од навивачи, а не клубови.

— реклама —

„Немаме никаква ингеренција да реагираме кога доаѓа од навивачи. Во Македонија нема потреба за такви скандирања ниту од една, втора, трета страна. Секој нека си ја поддржува својата екипа, ама нема потреба од вакви скандирања. Ние може да работиме на едукација“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.

Премиерот Христијан Мицкоски, го осуди скандирањето, кое рече дека, дошло од „неколкумина“.

— реклама —

„Во текот на вчерашниот ден, домаќинот, Кошаркарската федерација и Општина Куманово, го осудија скандирањето. Додека бев таму, не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група луѓе. Еве ќе ја искористам приликата за испадот на национализмот и ксенофобијата, како и да упатам порака до сите групи да навиваат спортски“, рече премиерот Мицкоски.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи поранешниот министер за здравство Арбен Таравари кој упати остри критики кон премиерот, претставниците на ВРЕДИ, министерот Тошковски и други функционери.

„Ние, Албанците, бевме проколнати за нашата мајка, семејство, потекло, племе и семе во хор од македонските навивачи! Премиерот молчеше и молчеше… се чинеше како да добива одговор на она што го поттикна пред неколку дена со палење оган меѓу етникумите и користење опасни изрази како „каур“. П.С. Викаа за Чиста Македонија (без Албанци)… Што да кажам?! Ќе изберам молчење како и секогаш, но овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот на Србија, па и подалеку, мора да биде осуден и изгаснат!“ напиша тој во објавата на „Фејсбук“.

Вицепремиерот и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити исто така ги осуди скандирањата за време на кошаркарскиот натпревар. Тој посочи дека Северна Македонија е заедничка земја за сите и дека спортот треба сите да ги обедини, а не да ги дели.

„Најостро ги осудувам расистичките и антиалбанските скандирања што се слушнаа за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово. Навредливите зборови и песни што поттикнуваат омраза немаат место во нашата држава и општество. Тие претставуваат напад врз соживотот и еднаквоста што ја прават Северна Македонија единствена. Северна Македонија е заедничка држава за сите: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и други. Сите ние придонесуваме за оваа земја. Сите заслужуваме почит. Спортот треба да нè обединува, а не да нè дели. Фашистичките скандирања не претставуваат никого од нас и не смеат да се повторуваат повторно“ напиша Меџити на неговиот „Фејсбук“ профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања