Интензитетот на уништување на трската особено зголемен во појасот меѓу Струга и Калишта во последниве 3-4 години, откако стана актуелна можноста охридскиот регион да го загуби статусот на заштитено светско културно и природно наследство на УНЕСКО и да биде преместен на листата на светско наследство во опасност. Компактниот зелен појас што може да се види на постари сателитски снимки сега е расцепкан како шаховско поле на кое се менуваат зелената и сивата боја од тампонирањето на површините, објави Призма.
Најголемиот дел од седумдесетината парцели меѓу езерото и локалниот пат се во приватна сопственост на граѓани од Струга, Калишта, Охрид, Велешта, Скопје и од други места, помали имоти имаат и МПЦ и ИВЗ, а државата е сопственик на околу 16 проценти од ова земјиште од 117 илјади квадратни метри.
Овој појас е пример за тоа како се спроведуваат препораките на УНЕСКО и меѓународните обврски што ги презела државата кога е засегнат приватниот имот. Законот за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион предвидува дека ако некој имот е значаен за зачувување на вредностите, без разлика дали е во приватна или во државна сопственост, мора да се раководи според препораките.
Текстот во целост на: Призма.