По барање на Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Фатиме Фетаи, Сашо Мијалков од судот каде денеска му беше изречена 3 години казна затвор, ќе биде директно пренесен во притворското одделение во Шутка.
Оваа одлука на СЈО следува поради како што кажа Фетаи, опасност од бегство. Мијалков до сега се водеше во куќен притвор. Оваа одлука е обжалена, но се уште нема реакција по однос на истата од судот.