Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Од Танкица до Билјана: пријавувале закани и насилство, но не добиле соодветна заштита, па потоа беа убиени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Македонија
media-libraryln0cjcri0cce5kV75B6

Убиствата на жени кои претходно пријавувале насилство, закани и уцени повторно го отвораат прашањето за навременото и ефикасно постапување на институциите. Случаите на Танкица Младеновска од Кочани, Росица Коцева од Велес, Емилија Пешева од Штип, Ивана Јовановска од Скопје и последната трагедија со 17-годишната Билјана од Богданци покажуваат колку сериозни можат да бидат последиците кога предупредувањата не резултираат со соодветна заштита.

— реклама —

Танкица Младеновска (46) со години била изложена на закани и уцени од поранешниот партнер и колега Усеин Рашидов. Тој ѝ се заканувал дека ќе објави нејзина компромитирачка фотографија и изнудувал пари од неа. Откако го пријавила, заканите ескалирале, а таа била убиена пред својот дом со 42 убоди од нож. Рашидов бил осуден на доживотен затвор, но подоцна извршил самоубиство во затворската ќелија.

— реклама —

Росица Коцева (31) од Велес, и покрај претходните пријави за насилство и закани од поранешниот партнер Илија Стефановски, била убиена заедно со својот татко Киро. По двојното убиство, Стефановски се самоубил. Во врска со постапувањето на полицијата бил поднесен предлог за дисциплинска постапка против 11 вработени во СВР Велес, но нема официјални информации за исходот и за евентуалната одговорност.

И Емилија Пешева (29) од Штип повеќепати пријавувала насилство од партнерот Фадил Зејнелов, но ги повлекувала пријавите поради страв. Тој ја задавил, а подоцна добил доживотна затворска казна. Во трагедијата во Скопје, Ивана Јовановска го загуби животот заедно со својата шестгодишна ќерка Катја. И во тој случај претходно имало пријави за насилство против нејзиниот сопруг Стојанче.

— реклама —

Последниот случај со 17-годишната Билјана од Богданци повторно ја насочи јавноста кон прашањето за институционалната заштита. Девојката само четири дена пред трагедијата пријавила физичко насилство во полиција. Нејзиното изгорено тело било пронајдено во автомобил, а покрај возилото било пронајдено и телото на нејзиното момче Виктор Г. (21). Според првичните сознанија на Обвинителството, постои сомнеж дека станува збор за убиство и самоубиство.

— реклама —

Овие случаи ги наметнуваат прашањата дали секоја пријава за насилство се третира со потребната сериозност, дали навреме се проценува опасноста по животот на жртвите и дали се преземаат мерки што навистина ги штитат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library37m7avmp66bfc4ax2gX

Втор ден од Регионалната конференција за фемицид: Нови препораки за заштита на жените

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Над 50 илјади жени годишно се убиени од партнер или член на семејството

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

ОН алармира: Секои 10 минути е убивана по една жена – фемицидите достигнаа црн рекорд во 2024 година

Свет | пред 11 месец

rosica

По убиството на Росица — „Ниту една повеќе!“ повикува на блокада пред паркот „Жена Борец“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања