„Од тврдење дека е невозможно Шилегов соочен со огромен пораз почна да копира проекти на Данела. Проектот бесплатен јавен превоз е проект на Данела Арсовска, а Шилегов со ветувањето за бесплатен превоз само копира. Шилегов во првиот круг од изборите велеше дека проектот е невозможен, а сега дел по дел копира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не само што е возможен проектот за бесплатен јавен превоз за сите скопјани, туку и возниот парк на ЈСП ќе има 250 нови еколошки автобуси. Шилегов ќе има можност од 31 октомври натака да гледа како се работи за Скопје“, додаваат оттаму.