Од утре граѓаните ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Северна Македонија, а печатењето е овозможено откако Владата со подзаконски акт овозможи да продолжи печатењето и издавањето на личните документи.
Нови лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците ќе добијат над 40 илјади граѓани кои чекаат два месеца, бидејќи во Собрание беше заглавен Законот за лични карти којшто опозицијата го блокираше со над 1.500 амандмани.
Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.