Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од утре стартува ‘Безбеден град’: камерите ќе снимаат, од јануари ќе казнуваат, ако сторите прекршок ќе добиете известување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Од утре, 1 декември, камерите на „Сејф сити“ поставени на скопските булевари и раскрсници ќе почнат автоматски да ги регистрираат сообраќајните прекршоци, како дел од стартувањето на системот „Безбеден град, безбедна држава“. Министерството за внатрешни работи најави дека до Нова година ќе трае пробниот период во кој прекршителите ќе добиваат само предупредувања, додека од 1 јануари системот влегува во целосна примена и ќе се испраќаат казни.

— реклама —

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, изјави дека нема да има толеранција за прекршоците регистрирани со камера и дека санкционирањето ќе биде согласно Законот за безбедност на сообраќајот, без разлика дали се работи за населено место, автопат или експресен пат. Најпрвин ќе се документираат пречекорување брзина, минување на црвено светло, возење со истечена важност на сообраќајната дозвола и непрописно паркирање, а во следната фаза ќе се додаваат нови видови прекршоци.

— реклама —

Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде регистрирано ќе добива СМС и мејл со линк за преземање на записникот и платниот налог. Рокот за плаќање половина казна е осум дена од приемот на известувањето, а по неговото истекување износот мора да се плати целосно во наредните осум дена пред да започне присилна наплата. Казните ќе може да се плаќаат електронски, по што системот автоматски го известува МВР дека глобата е подмирена.

Во последните години, јавноста беше сведок на низа фатални сообраќајни трагедии, особено прегазувања на пешаци на пешачки премини од возачи кои возеле со брзина многукратно поголема од дозволената. Дополнителен проблем е масовното непрописно паркирање, со што тротоарите и велосипедските патеки често се непроодни. Граѓаните се поделени околу тоа дали камерите ќе ја подобрат состојбата, но дел од нив сметаат дека строгите правила и автоматските казни ќе ги дисциплинираат најдрските возачи.

— реклама —

Министерот Панче Тошковски претходно најави дека во првата фаза камерите ќе функционираат во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатите и експресните патишта по Коридорите 8 и 10. До средината на следната година треба да биде покриена целата држава. Целта, како што посочуваат од МВР, е поредовен, побезбеден и пофункционален сообраќај.

— реклама —

Од утре камерите ќе снимаат и предупредуваат, а веќе на стартот на 2026 година ќе почнат да казнуваат. Дали технологијата ќе ги вразумни возачите, ќе стане јасно многу брзо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Возел пијан и учествувал во сообраќајна незгода во Дебреше, измерени 1,58 промили алкохол

Македонија | пред 58 минути

— реклама —
skolo

Наставничка нападнала ученик во тетовско основно училиште

Македонија | пред 59 минути

media-libraryp5eoqk0nolef49e1z70

Пожар на електрична бандера во Слатино, изгоре разводниот ормар со броила

Македонија | пред 1 час

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања