Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Од вакви слепци страда Македонија“, Маневски бара одоговорност од Маричиќ зошто оддал тајна на судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Manevski-05-gc

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски смета дека неговиот актуелен наследник Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот.

„Ќе одговара ли министерот Маричиќ за оддавање на тајна и за незаконито влијание на судот?

Министерот Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот.

Спротивно на Законот за кривичната постапка ги објави имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелациониот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор.

Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни.

— реклама —

Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и глсањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд.

Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана?

Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува.

— реклама —

Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука?

Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање?

— реклама —

И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции?

Жалосно.Овој ли ќе се бори за владеење на правото?

Од вакви слепци страда Македонија“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања