Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
2d

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе г-ѓа Магдалена Несторовска се обрати по повод одбележувањето на 18 октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, на онлајн настан со новинари, претставници на медиумите и граѓанското општество.

— реклама —

Свое излагање имаа и Светлана Влаховиќ Димановска, началник на Сектор за преговори и евроинтеграција во МВР и заменик национален координатор за борба против трговија со луѓе, како и Љупчо Маркудов, началник на Единицата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во МВР.

Настанот е организиран во заедничката акција на Европската Унија и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија" , во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и со учество на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика.

— реклама —

За време на овој настан,  новинарите, дописниците и претставниците на медиумите имаа можност да слушнат и да разменат мислења во однос на институционалната рамка за спречување и борба против трговијата со луѓе, улогата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, улогата на Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција, начинот на кој може да се подобри медиумското известување за случаи на трговија со луѓе, разликите помеѓу трговијата со луѓе и илегалната миграција, заштита на лични податоци на жртвите на трговија со луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања